Ново поглавје, нова визија - AutoPoint

Веќе 35 години, Hildin Komerc е присутен во градежништвото – индустрија во која изградивме стабилност, доверба и силни темели. Денес со огромна гордост и возбуденост го најавуваме проширувањето на нашите корпоративни инвестиции во нова деловна гранка.

Кон нашето семејство се приклучува Hildin AutoPoint – нашата нова посветеност во услуги кон автомобилската индустрија. Оваа индустрија е динамична, упорна и секојдневно поврзана со илјадници луѓе. Ние веруваме дека, како што изградивме беспрекорна доверба во градежништвото, така и HILDIN AutoPoint ќе биде симбол на сигурност, квалитет и професионалност за секој клиент.

Досега никогаш не сме поставиле наш потпис на нешто што може да ја руши довербата во нашиот бренд, така и ќе продолжиме со сите наши инвестиции.
Со полна одговорност и посветеност, веруваме дека и со вашата поддршка успехот е неизбежен.

Традиција на доверба, иднина на квалитет.

Споделете го