Компанија со најголем раст во последните 3 години

На 20 Декември 2022 година, Стопанската комора на северозападна Македонија (ОЕМВП) ги прогласи најуспешните албански компании во Северна Македонија.
Компаниите според OEMVP се анализирани во неколку сегменти: Моќ (Годишен промет), Успех (Нето добивка), број на вработени, ROE (Поврат на капитал), Топ инвестиции, Топ компании со најуспешни партнерства и Топ 5 најголеми компании.

Ние бевме избрани како компанија со најголем раст во последните 3 години.

На присутните им се обрати претседателот на ОЕМВП, Менди Ќура, кој меѓу другото рече: “Овие заеднички достигнувања треба да бидат општ поттик за сите наши заеднички предизвици и успеси. Вашиот резултат е и наш резултат и резултат на целата држава. Среќен сум за вашите успеси и да ги славиме нашите успеси заедно” рече Ќура.

Споделете го